Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со Лајпциг ќе гостува во Мадрид и ќе брка негатива од еден гол (0-1) против Реал, додека Манчестер сити на вториот дуел треба да го завери пласманот во следната рунда, откако претходно славеше против Копенхаген со 3-1.
Реал Мадрид оствари победа во првиот дуел во Германија со 1-0 со прекрасниот гол на Брахим Диаз и се надева дека може да ја одбрани предноста пред „биковите“ кои во изминатиот период не се во најдобра форма.
Лајпциг ќе се обиде да го изненади поранешниот европски шампион, а се очекува тренерот Марко Розе да игра во напад со Луис Опенда, додека поддршка треба да му бидат Чави Симонс и Дани Олмо.
„Мислам дека имаме шанса да го загрозиме Реал. Имаме фудбалери кои играат добро еден на еден. Ако сакаме само да се браниме, нема да успееме. Ќе се обидеме да нападнеме, сè зависи од нас. Реал ќе притиска, но ние мора да ја наметнеме нашата игра“, кажа Розе.
Карло Анчелоти, од друга страна, за овој натпревар ќе го има англискиот репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери во својот тим, Џуд Белингам.