Екипата на Манчестер Сити со идентични 3-1 како во првиот натпревар го совлада Копенхаген, а сите четири голови беа постигнати во првото полувреме.
Стартот на Сити беше фуриозен, не поминаа ни десет минути, а веќе имаше водство од 2-0. Аканџи беше стрелец 5. минута, четири минути подоцна и Алварез. Двата гола беа постигнати по корни.
Во 29. минута фудбалерите на Копенхаген изведоа фантастична акција која ја реализираше норвежанецот Елјонуси за намалување на резултатот на 2-1, со што Данците имаа мала надаеж за некаков пресврт
Течеше третата минута од судиското продолжение во првото полувреме кога Халанд постигна гол.