Најбогатиот француски клуб има голема предност на табелата, ја задржа со денешната победа (0:3) и прашање на време е кога ќе биде потврдена новата титула.
Килиан Мбапе го отвори резултатот, Рамос го постигна својот прв гол во францускиот тим за 0:2, а Маркињос ги постави конечните 0:3 на гостувањето кај Анже.
Олимпик Марсеј на два пати губеше од Нант, но на крајот победи со 3:2, па теоретски има „достижна“ негатива во однос на ПСЖ.