Меѓу навивачите на Манчестер јунајтед веќе владее неверојатна еуфорија, а натпреварот е комплетно распородаден уште од пред 10 дена. Навивачите се обидуваат да дојдат до билет за овој дуел, кои на црниот пазар се продаваат и по 2.500 фунти.
Иако првичните информации беа дека Португалецот ќе остане на клупата, менаџерот Оле Гунар Солшер се предомислил и ќе му даде шанса на фудбалерот во почетниот тим од првата минута на „Олд Трафорд“.
Тој иако имаше само два официјални тренинзи со своите нови соиграчи, целосно е подготвен за да одигра 90 минути.