Во таборот на ерменскиот тим на овој натпревар не настапи ниту еден од двајцата македонски интернационалци. Стефан Спировски остана на клупата, додека Марјан Радески не беше во составот. Водечкиот гол за Пјуник го постигна поранешниот фудбалер на Вардар, Артак Дашјан, а конечните 2-0 ги постави Јусуф Отубањо.
АЗ Алкмар остана со максимален ефект по два натпревари во Групата Е откако со 4-1 го победи Вадуц. Ривалите кои го елиминираа нашиот Шкупи од Лигата на Европа, односно Конференциската лига, Шамрок Роверс и Балкани запишаа порази од Гент со 3-0, односно од Славија Прага со 3-2.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА
2.КОЛО
Група Е
АЗ Алкмар – Вадуц 4-1
Аполон – Дњипро-1 1-3
Група Ф
Гент – Шамрок 3-0
Џургарден – Молде 3-2
Група Г
Славија П. – Балкани 3-2
Клуж – Сиваспор 0-1
Група Х
Пјуник – Слован Б. 2-0
Жалгирис – Базел 0-1