Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски на најновата листа во дисциплина маратон за Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз се наоѓа на 78. место од 81 квалификуван спортист и ќе ја претставува Македонија на големото натпреварување.
Од 81 квалификуван атлетичар за ЛОИ 2024 во дисциплината маратон, односно 80 со норма и 11 со ранкинг, на 78. место се наоѓа најдобриот македонски атлетичар кој неодамна постави национален рекорд на трката во Севилја, Шпанија.
Нашиот претставник претходно си обезбеди норма за настап и на Европското првенство (ЕП) во Рим, кое ќе се одржи во јуни 2024 година, по што го чека и маратонот на ЛОИ 2024.