Македонската тенисерка Лина Ѓорческа славеше против Полина Кудерметова со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-4 со што обезбеди осминафинале на фјучерс-турнирот во Трнава, Словачка.
Ѓорческа го искористи лошиот старт на Русинката и направи брејк за водство од 1-0, а потоа уште еднаш ѝ го одзеде сервисот на противничката за предност од 4-1. Големата борба продолжи и во следните три гема кога Кудерметова направи два брејка, но македонската тенисерка возврати и славеше со 6-4 во првиот сет.
Во вториот сет повторно беа забележани голем број брејкови на двете страни, и тоа повторно Ѓорческа направи еден повеќе (три вкупно) за триумфи против Русинката со 6-4.
Македонката во осминафинале ќе игра против победничката од мечот меѓу Маи Хонтама и Радка Зелницкова.