Македонскиот тенисер Калин Ивановски  продолжи со победи и обезбеди полуфинале на турнирот во Монастир, Тунис.

Австриецот Себастијан Зоргер немаше сила за расположениот македонски тенисер, кој го доби првиот сет со 6-3, а беше подобар и во вториот кој му припадна со 6-4.

Ивановски во полуфинале ќе се судри против Стефанос Сакеларидис од Грција.