Светското ракометно првенство кое се одржува во Шведска и Полска влегува во самиот финиш. Во полуфиналните пресметки меѓу Данска – Шпанија и Шведска – Франција, во репризата од Мундијалот пред две години, ќе ги добиеме финалистите.
Актуелниот светски првак Данска може да испише историја, има шанса да стане првата репрезентација која успеала да стигне до три светски титули во низа.
Во Гдањск, Шпанија ќе биде пречеа за Данска, „фуријата“ ќе биде мотивирана и ќе бара одмазда за поразот во полуфиналето во Египет. Шпанците до полуфиналето дојдоа после вистинска драма, и испратија порака дека нема невозможна мисија. По две продолженија ја елиминираа Норвешка, а сега имаат шанса да дојдат до финале и воедно да ја прекинат рекордната серија на Данска од 26 меча без пораз. Данците имаат 24 победи и две ремија.
Во Стокхолм пак Швеѓаните ќе бркаат ново учество во финалето против Франција. Во Египет ја елиминираа совладувајќи ја со 26-32 во доминантна игра. Овие две репрезентации се сретнаа во полуфинале на СП 2021 и ЕП 2022 година, двете средби ги доби Шведска.
Германија ќе игра против Египет, додека Норвешка против Унгарија во битката за петото место на Мундијалот.
ДЕНЕСКА НА СП
15:30 Германија – Египет
18:00 Шпанија – Данска
18:00 Норвешка – Унгарија
21:00 Франција – Шведска