Иако Македонија беше една од ретките репрезентации без ниту еден позитивен на Ковид-19 до 10 јануари, сепак тоа се смени во најлош можен момент. Голманите Митревски и Кизиќ, левото крило Ојлески и левиот бек Младеновиќ не отпатуваа со репрезентацијата, но Лазаров вели дека мора да се адаптираат на новонастанатата ситуација.
„Бевме подготвени за такво сценарио бидејќи веќе втора година живееме со ова. Бев подготвен и психолошки да изреагирам соодветно ако имаме позитивни. Не ни е сеедно, но тоа е што е, треба да го прифатиме. Некои репрзентации имаат поголеми проблеми, некои немаат воопшто. Мислам дека и вака сме добро организирани, добро подготвени и едноставно треба да заборавиме на тоа, да се адаптираме и да не трошиме енергија, туку да мислиме на она што не очекува од утре понатаму, вели Лазаров.
Тој потсети дека и настрана од коронавирусот Македонија имаше проблеми со повредени, меѓутоа ќе се обидат тоа да им биде не алиби, туку извор на мотивација да дадат повеќе.
„Ние веќе долго време се подготвуваме, уште од 22 декември и оттогаш ни се случија повеќе работи. Не да звучи како алибиа, напротив, ние сме подготвени на се. Меѓутоа нема време за плачење, утре не очекува Словенија и ние размислуваме за неа. Тоа е една репрезентација која има играчи што настапуваат во Кил, во Кјелце, во Веспрем и со самиот тој факт сум кажал многу. Селекторот на Словенија располага со изградени играчи, готови играчи и од старт има голема предност. Меѓутоа што е тука е, ние сме Македонија, нема да одиме со бело знаме, ќе одиме со респект. терен утре тоа ќе го покажеме“, додаде селекторот.
Македонија денеска тренираше во „Феникс арена“, од 13 часот, а натпреварот против Словенија го играме утре од 18.