Очекувано, фаворитот за златниот медал, Данска беше подобар, славеше со 21-31 и не смести на последното место во групата А, ова е најслаб скор за Македонија на континенталните натпреварувања.
Отворивме одлично и водевме со 4:0 во петтата минута од натпреварот. Потоа следуваше контра серија од Данска и го презеде водството. Македонските ракометари држеа резултатски приклучок уште неколку минути а потоа Данска стисна на педалата за гас и до крајот на мечот ја зголемуваше расликата за конечни 21 :31.
Најефикасни за Македонија беа Пешевски со 6 гола, а Талевски и Мишевски постигнаа по 3. Никола Митревски собра 6 одбрани. Кај нас освежување беше и дебитантскиот настап на 18-годишниот Митев кој постигна гол првенец а изнуди и еден пенал.
На крајот по ова трето коло Македонија е последна во групата зад Данска, Црна Гора и Словенија.
Македонските репрезентативци се пакуваат веднаш по мечот и со чартер лет се враќаат за Скопје.