Српските ракометарки беа поразени од Русија со 32:22 (15:9), во натпреварот од последното коло од групата Б на Светското првенство во Шпанија.

Русинките беа убедливи во Леириа и максималниот број бодови го пренесоа во втората фаза, како први од оваа група.

Србија продолжува како втора од групата и пренесува два бода во втората фаза, откако ја победи Полска, која оди без бодови во втората фаза.

Двете екипи вкрстуваат со групата А, а во втората фаза во шпанскиот Гранољерс ќе играат со Франција, Словенија и Црна Гора.

Видовме голема борба во првите 20 минути од натпреварот. Се играше гол за гол, Русија играше долги напади и бараше шут најмногу низ средината, додека Србија играше  цврста одбрана, а во нападот се обидуваше од крило и преку Кристина Лишчевиќ низ средината.

Србија остана без пивот во 11. минута, кога Марија Петровиќ беше исклучена поради удирање со лакт на противничката и поради директен црвен картон го заврши натпреварот.

Во 19. минута Србија го донесе првото водство на натпреварот – поведе со 9:8, а селекторот на Русија побара тајм-аут.

Оттогаш почна распаѓањето на Србија, која не постигна гол во последните 11 минути од првото полувреме. Имаше се – фаули во нападот, грешки и дури пет одбрани на рускиот голман Каплина.

Од друга страна, се беше добро за Русија и до крајот на првото полувреме направија серија од 7:0, па на голем одмор се замина со резултат 15:9.

Серијата продолжи до 9:0 на почетокот на вториот дел, а Русинките дојдоа до предност од 17:9, а по 13 минути без гол, Србија конечно ја погоди мрежата на Русија во 33. минута.

Русинките продолжија да ја играат својата игра и во 40. минута стигнаа до најголемите +9.

Рисовиќ одбрани неколку удари, Србија направи мини серија и се врати на пет гола заостанување, но тоа беше се од нив, бидејќи Русија повторно се одлепи на +9 на 14 минути до крајот и јасно беше кој ќе забележи победа и четири бода во втората фаза.

РХФ: Фомина 3, Горшкова 3, Фролова 1, Илина 4, Иларијонова 2, Каплина, Лагина, Манагарова 7, Маркова 2, Михаличенко 2, Никитина 1, Сабирова, Шербак 1, Скоробогатченко 4, Таженова,2 Зенова,

Србија: Ј. Агбаба 2, М. Агбаба, Граовац, Јањушевиќ 1, Јововиќ 3, Коциќ, Којиќ 1, Ковачевиќ 1, Лишчевиќ 1, Ловриќ 3, Митровиќ, Петровиќ 1, Радојевиќ 4, Рисовиќ, Стамениќ 1, Стоиљковиќ 4