Норвешка загуби скоро добиен натпревар, во последните секунди од регуларниот дел имаше водство и напад, но згрешија по што беше сурово казнета.
Шпанија и Норвешка одиграа неверојатен натпревар кој го добија Шпанците со 35-34 и ќе одат на дуел во полуфиналето против Данска.
Оваа битка тешко дека може да биде надмината и до крајот на мундијало, и двете селекции беа изедначени, но на крајот се радуваше шпанската фурија.
Норвешка тргна одлично, имаше четири гола разлика на почетокот 6-2 и 7-3, но Шпанија брзо се врати. Скандинавците на одморот имаа само еден предност 13-12. Во второто полувреме двете селекции се менуваа во водство, на крајот по една голема грешка на противникот, Шпанците на луд начин со голот на Даниел Душебаев изедначија на 25-25, па мечот отиде во продолженија.
Откако немаше победник и по првите две продолженија, се одиграа уште две продолженија, вкупно 20 минути дополнителен ракомет во кои ниту една селекција не се одлепи, на крај Шпанија стигна до победа од 35-34.
Алекс Душебаев и Анхел Перез постигнаа по седум гола, Кањељас реализираше шест пати. Во составот на Норвешка, Бартхолд даде осум голови.
Шпанија оди во полуфиналето на Светското првенство каде ќе игра против Данска која убедливо со 40-23 ја совлада Унгарија.