Актуелниот светски првак Данска ја торпедира Унгарија и обезбеди полуфинале на Мундијалот во Шведска и Полска, со победа од 17 голови разлика (40-23).
Данците водеа од почетокот и постепено ја зголемуваа предноста, до најголеми плус девет на полувреме (21-12) со серија 7-2.
Во вториот дел предноста беше двоцифрена, победникот беше очигледен, па Данците до крај ја наполнија мрежата на Унгарците и стигнаа меѓу најдобрите четири, каде го чекаат победникот од пресметката Норвешка – Шпанија.
Гидсел даде девет гола, Питлик седум, а Киркелоке шест. Кај Унгарија, Бодо постигна шест, а Лекаи пет гола.