Победа против Тунис најверојатно ќе значи и прво место во групата во Плоцк, со што Македонија ќе оди на дуел за 25. место, на ракометниот мундијал. Меѓутоа Тунис е многу поквалитетен ривал од Алжир кој што убедливо го победивме, па натпреварот денеска ќе биде неизвесен се до крајот.
Тунис ни го украде сонот за пласман на Олимпијадата во 2016 година, совладувајќи ја Македонија на квалификацискиот турнир во Гдањск. Една година и пол претходно,игравме со Тунижаните на СП во Катар, и ги победивме со 33-25, а тоа беше наша прва победа против нив.
Пред тоа загубивме на Медитеранските игри во Мерсин во 2013, а и на СП во 2009, во Вараждин. Последниот дуел ни донесе победа, во 2017 год. на СП во Франција (34-30) .
Тунис првата победа ја забележа во Президент купот, славеше со 30-25 над Мароко.