Поразот од Шведска беше очекуван на стартот на Европското првенство, но избраничките на Грчевски се покажаа во далеку подобро светло вечерва, бидејќи

Ракометарките на Македонија против селекцијата на Турција го освоија првиот бод на европските првенства по пауза долга 16 години.

Најдобрата женска македонска репрезентација одигра натпревар со многу подеми и падови, но по крајот на овој дуел може да жалиме што пропуштивме голема шанса за победа. Нашите ракометарки имаа негатива од пет гола на стартот на второто полувреме, но со борбена игра успеаја да ја анулираат, па во финишот имаа и водство од два гола.

На 15 минути пред крајот, Македонија направи серија од 5:0 и израмни на 20:20, но извонредната низа не застана тука и постигнавме уште два гола.

Вкупната серија од 7:0 целосно го сврте натпреварот во наша корист, меѓутоа Турчинките ја прекинаа црната серија и успеаја да се вратат со два брзи гола.

Сара Ристовска со осум голови беше најдобар поединец и го доби МВП признанието, додека Јована Мицевска оствари седум одбрани.

И покрај освоениот бод, за Македонија постојат само теоретски шанси за пласман во следната рунда, бидејќи во третото коло играме против Унгарија која ја совлада Шведска со 32:25.