Екипата на Арсенал го доби лондонското дерби остварувајќи убедлива победа од 2-5 на гости кај Вест Хем. Топџиите сега се доближија на шест бода негатива во однос на лидерот Ливерпул, кој треба да го одигра големото дерби против Манчестер Сити.
„Топчиите“ постигнаа пет голови во првото полувреме со што победникот беше познат. Габриел донесе водство во десеттата минута, Тросар зголеми на 0-2, а во продолжение стрелци беа и Одегард и Каи Хаверц.
Екипата на Вест Хем набрзина возврати со два брзи гола, преку Ван-Бисака и Емерсон, но Букајо Сака од пенал погоди за 2-5 во финишот на првиот дел.
Во второто полувреме немаше голови, па Арсенал лесно стигна до победа и ги освои трите бода.