Јувентус сака да го доведе најдобриот стрелец во историјата на Србија, Александар Митровиќ.
Според „Еуроспорт“, италијанскиот гигант Јувентус доставил понуда од 40 милиони евра до Фулам. Сепак, од редовите на англискиот второлигаш се надеваат дека ќе успеат да го убедат српскиот голгетер да остане во Лондон, во борбата за враќање во Премиер лигата.
Јувентус е фокусиран на ангажирање на напаѓач оваа натпреварувачка година бидејќи имаат проблем со ефикасноста, за што говори податокот дека играчите на „старата дама“ од Торино сезонава само 27 пати ја затресоа мрежата на противникот, додека, на пример, само Митровиќ постигна 22 гола оваа сезона.
Шпанскиот напаѓач Алваро Мората нема да биде купен од италијанскиот клуб, па на крајот од позајмицата ќе се врати во Атлетико Мадрид, додека Пауло Дибала се уште не се согласува да потпише нов договор.