Во средбата од 20. коло од Премиер лигата, Челзи на гости ја победи Астон Вила со 3-1, стигнувајќи го Ливерпул на второто место во Премиершип.
Актуелниот европски првак преку Жоргињо израмни од пенал, а во последните моменти од натпреварот со постигна уште еде гол исто така од пенал за потврда на победата од 1:3.
Бразилецот со италијански пасош со тоа стана нов рекордер во Премиершип по бројот на постигнати пенали во една календарска година. Тоа беше негов десетти успешен пенал оваа година, а досега го подели рекордот со Мет Ле Тисиер кој го изведе девет пати во 1994 година и Стивен Џерард кој реализираше девет пенали во 2014 година.