Неверојатната приказна за Саул Нигез (27) е доказ дека лошиот старт во Челзи не мора да значи дека тој нема да остави голема трага во тој клуб.
Шпанецот во Лондон пристигна на крајот на ова лето, а во Премиер лигата настапи само на пет натпревари. Сепак, иако не се надеваше на ваков старт во Англија, Саул верува дека ќе успее да се избори за подобар статус кај Томаш Тухел.
Во тоа е сигурен и неговиот постар брат Џонатан, кој се сети на проблемите што ги имаше Саул откако доби удар во стомакот на натпреварот против Баер Леверкузен во 2015 година.
– Она што му се случува во Челзи е “мала работа” во однос на сериозните проблеми што ги имаше со бубрегот – рече Џонатан и продолжи:
– Имаше внатрешно крварење и лекарите мораа да му стават катетер во бубрегот за да не го изгуби. Му советуваа да одмори од фудбалот, но тој беше решен да игра со голема болка. Уринираше крв пред и по натпреварите, семејството беше загрижено дека може да ги загуби бубрезите, но не сакаше да ги разочара тренерот и соиграчите.
Како што одминувало времето, на Саул се повеќе му пречело да игра со катетерот, па решил да побара од лекарите да му го отстранат бубрегот за да ја олесни ситуацијата.
Сепак, тие успеаја да го убедат да се откаже, а со текот на времето ситуацијата стануваше се подобра и подобра додека тој целосно не се врати во нормала.
По две години играње со вграден катетер, Саул повторно беше „слободен“, а врвните игри го донесоа во Лондон и актуелниот европски шампион.