Како што тврди „Дејли меил“, Антонио Конте не смета на услугите на Тангуј Ндомбеле, најскапиот играч кој од Лион дојде за 55 милиони евра.
Италијанецот не го сака Тангуј Ндомбеле, тој ќе мора да бара нова средина, но прашање е дали тоа ќе се случи сега, во јануарскиот преоден рок.
Францускиот репрезентативец во Тотенхем е од 2019 година, запиша 61 настап, постигна 6 гола. За Франција има седум настапи.