Екипата на Манчестер Сити цврсто чекори на патот кон титулата во Премиер лигата. „Граѓаните“ одиграа моќен натпревар против Вулверхемптон (5-1) и така му се доближија на Арсенал на врвот на табелата.

Шоу на овој натпревар имаше норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд. Норвежанецот одигра спектакуларно, постигна четири гола во мрежата на ривалот и уште еднаш потврди дека е главен фаворит за Златната копачка.

Халанд постигна четири гола, а имаше комплетирано хет-трик веќе во првото полувреме. Петтиот гол за Сити беше дело на Хулијан Алварез, а единствениот погодок за Вулверхемптон го постигна Хванг Хи-Чан.

 

Три гола Халанд ги постигна во првото полувреме, два беа од пенал, а еден по аситенција на Родри, додека четвртиот во вториот дел по асистенција на Фоден.

Манчестер Сити има 82 бода, додека лидерот Арсенал има 83 бода. Но, Граѓаните имаат меч помалку од ривалот.