Македонскиот репрезентативец Енис Барди повторно беше стрелец за Трабзонспор во турската Суперлига.
Трабзон доживеа пораз кај Самсунспор (1-3), а Барди беше единствениот стрелец за неговиот тим. Се играше 32. минута, кога македонскиот репрезнетативец успеа да реализира од слободен удар откосо.
https://twitter.com/i/status/1786831486152245321
Тој од позиција каде најчесто се уфрлува топката во шеснаесетникот успеа да го надмудри целиот противнички тим и да ја затресе мрежата.
Трабзонспор се наоѓа на третото место на табелата во првенството на Турција со 58 бода, додека далеку напред се Галатасарај и Фенербахче.