Првиот натпревар од двомечот за влез во групната фаза се одигра во Молдавија, односно во Тираспол, а домаќинот однесе убедлива победа – 3: 0.
Екипата на нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми беше немоќна против тимот кој во претходното коло ја елиминираше белградска Црвена Звезда. Шериф поведе на самиот финиш од првото полувреме Се играше во 45. минута, кога Адам Траоре ја затресе мрежата на гостите од Загреб. На почетокот на второто полувреме можеше да се види апсолутна доминација на домаќините, кои поведоа со 2: 0 во 54. минута, а стрелец беше Коловос. Конечните 3: 0 ги постави Траоре со својот втор гол во 80. минута од играта.
Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар а Аријан Адеми не беше во комбинација за овој натпревар.