Црвена Звезда го победи Клуж со 4: 0 во првиот натпревар од плејофот за пласман во групната фаза на Лига Европа.
Шампионот на Србија убедливо победи дома против шампионот на Романија во натпревар во кој домаќинот беше оној кој гo диктираше темпото, создаваше шанси и реализираше. Стрелци беа Милан Павков во 5., Александар Катаи во 38., Ел Фарду Бен во 68. и Мирко Иваниќ во 77. минута.
Премијата со влегување во групната фаза на Лига Европа е 6,6 милиони евра.
Реваншот е закажан за следниот четврток.