Кристијано Роналдо одговори на Инстаграм на честите наслови на медиумите и објавите дека го напушта клубот на 36 -годишна возраст и по три години во Јувентус.
Шпекулациите по светските медиуми го селат во ПСЖ, го враќаат во Реал, а според последните вести, неговиот менаџер наводно го понудил на Манчестер Сити.
Роналдо реагираше со објавата, која ја пренесуваме во целост:
“Сите што ме познаваат се свесни колку сум фокусиран на мојата работа. Помалку приказни и повеќе работа е мотото што ме водеше од почетокот на мојата кариера. Сепак, поради се што е кажано и напишано во последно време, морам да расчистам каква е мојата позиција.
Начинот на кој се дискутира за мојата иднина во медиумите е израз на непочитување кон сите клубови вклучени во шпекулациите, како и кон нивните играчи и персонал.
Мојата приказна во Реал е испишана. Во зборови и бројки, во трофеи и титули, во рекорди и признанија. Таа е во музејот на Бернабеу, но и во спомен на секој фан на клубот. Знам дека вистинските навивачи на Реал секогаш ќе ме носат во срцето, исто како што јас ќе ги носам.
Медиумските приказни ме поврзуваат со други клубови од различни лиги, при што никој не се ни потруди да ја дознае вистината.
Ја прекинувам тишината за да кажам дека не можам да дозволам луѓето да си играат со моето име. Останувам фокусиран на мојата кариера и работа, посветен и подготвен за сите предизвици што ме чекаат. Се останато? Сe друго е само приказна “.