Килијан Мбапе беше главната ѕвезда на првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, ПСЖ – Реал (1:0). Не само поради генијалниот гол што го постигна на крајот за победа на неговиот сегашен против најверојатно неговиот иден клуб.
Мбапе во тунелот пред излезат на тревникот беше во друштво на клупските соиграчи Верати и Ди Марија. Му пријде Бензема, колегата од репрезентацијата.
RMC ја открива содржината на нивниот говор снимен од телевизиска камера.
Мбапе: Еј, не требаше да бидеш повреден?
Бензема: Да, но малку.
Мбапе: Лажго, ѓубре, губи се! Хахаха …
Бензема: Ти си луд. Хахаха …