Норвешкото чудо Ерлинг Халанд постигна пет гола против Лајпциг за еден час на теренот, а потоа Пеп Гвардиола го повлечеод игра и го спречи да стане рекордер. Вака тој го израмни достигнувањето на Лионел Меси и на Луиз Адријано во Лигата на шампионите со пет гола на еден натпревар.
Манчестер Сити го декласира Лајпциг со 7-0 на „Итихад“ и надмоќно се пласира во четвртфиналето на ЛШ.
Ерлинг Халанд го отвори резултатот од пенал во 22.минута, а само две минути подоцна зголеми на 2-0. Пред крајот на првиот дел постигна и трет гол за хет-трик.
Во вториот дел, Халанд погоди и во 53. и во 57.минута, а уште два гола додадоа Илкај Гундоган во 49. минута и Кевин де Брујне во 92. минута.
Интер од Милано го издржа пеколот на „Драгао“ играјќи нерешено 0-0, и ја задржа минималната предност (0-1) од првиот натпревар во Милано. Фудбалерите на Порто дури трипати погодија статива но не успеаја да постигнат гол, па италијанскиот тим му се придружи на Милан во во четвртфиналето.