Медведев во вториот сет незгодно го превитка скочниот зглоб по што падна, а присутните на трибините на момент можеа да слушнат како вика од болка. Но, Медведев стисна заби и по лекарската интервенција остана да игра и да ја продолжи победничката серија, со оглед што триумфира на трите претходно одиграни турнири.
Противник на патот кон финалето ќе му биде Александар Давидович-Фокина, кој претходно беше подобар од Кристијан Гарин.