Кошаркарите на Денвер нагетс заборавија на победите, откако на гостувањето кај Торонто репторс (110-125) го претрпеа и четвртиот пораз во низа.

Составот предводен од Никола Јокиќ одигра ужасна прва четвртина во која примаше по четири поени во секоја минута, а победникот беше познат уште по првото полувреме (72-56). Реализираните 49 поени во првите 12 минути е клупски рекорд на „репторси“, каде што најзаслужен за триумфот беше Фред Ванвлит со 36 поени и седум асистенции. Србинот натпреварот го заврши со 28 поени, осум скока и седум асистенции. И покрај црната низа, Денвер останува убедливо прв на Западот со скор 46-23.

 

Во Источната конференција, го имаме и првиот официјален учесник во плејофот, а тоа е најдобриот тим во НБА, Милвоки бакс, кој ноќеска како гостин го совлада одличниот Феникс санс (116-104). Грчкиот звер Јанис Адетокумбо очекувано беше лидер на „елените“ со 36 поени и 11 скока, додека Девин Букер со 30 поени беше најпрецизен кај „сонцата“ за кои поради повреда не играше Кевин Дурент.

 

https://youtu.be/KH3AgggavqQ

Кошаркарите на ЛА Лејкерс дојдоа до важна победа на гостувањето кај Њу Орлеанс пеликанс (123-108), без повредениот Леброн Џејмс, со која останаа во игра за пласман во плејинот.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Кливленд 104-120, Вашингтон – Детроит 117-97, Торонто – Денвер 125-110, Оклахома Сити – Бруклин 121-107, Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 108-123, Сан Антонио – Орландо 132-114, Феникс – Милвоки 104-116