Фудбалерите на Милан ги разочараа своите верни навивачи на „Сан Сиро“ по ремити 1:1 против Салернитана. Росонерите се надеваа дека со победа ќе избијат на второто место на табелата, сега се на четвртото место со два бода помалку од нивниот градски ривал Интер.
Милан дојде до водство со 1:0 пред крајот на првиот дел, а гостите израмнија во средината на второто полувреме. Росонерите потоа тргнаа со сите сили во напад да постигнат втор погодок, а најголемата шанса ја имаа во 88-мата минута.
Радоста на домаќините за втор погодок, кој најверојатно ќе беше и победнички, ја спречи фудбалер на Милан. Дефанзивецот Кaлулу тргна пред противничкиот гол, се најде буквално пред гол-линијата кога падна, а топката која требаше да заврши во мрежата на Салернитана, удри во неговата рака и на неверојатен начин спречи радост на Росонерите.
Целата оваа неверојатна ситуација може да ја видите ТУКА.