Во дуелот од 24. коло на шпанската Ла Лига, Виљареал и водечкиот Реал Мадрид одиграа натпревар без голови, па моментално Реал има четири бода повеќе од Севиља. Виљареал беше подобар во првото полувреме, додека Реал доминираше во вториот дел. Двете екипи имаа доволно можности, но мрежите останаа недопрени до самиот крај на натпреварот.
Во судиското продолжение, Реал имаше две одлични можности во иста акција. Најпрво Јовиќ со лоб удар ја погоди гредата од домашниот гол, а потоа домашните играчи од гол-линијата спасија потенцијален гол по ударот на Начо. Сепак, голот на Јовиќ во гредата е она за што најмногу се зборува по натпреварот.