Велшкиот стручњак Рајан Гигс поднесе оставка на функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Велс, објави Би-Би-Си.
Поранешниот крилен напаѓач на Манчестер Јунајтед ја замрзна функцијата тренер во ноември 2020 година, откако беше уапсен поради напад на неговата поранешна девојка.
„По долго размислување донесов одлука да поднесам оставка од функцијата селектор на машката фудбалска репрезентација на Велс и таа одлука стапува во сила веднаш“, изјави Гигс.
Роберт Пејџ ја презеде функцијата привремен селектор во ноември, а со репрезентацијата успеа да избори пласман на Светското првенство во Катар.
„Беше чест и привилегија да ја водам репрезентацијата, но сосема е правилно што ФА Велс, стручниот штаб и играчите се подготвуваат за Светското првенство без шпекулации за позицијата на нивниот селектор“, додаде Гигс.
„Велшкиот фудбалски сојуз му се заблагодарува на Гигс за одвоеното време како тренер и ја цени одлуката што ја донесе, што е во најдобар интерес на велшкиот фудбал“, се вели во соопштението на Асоцијацијата.
„Тажен сум што не можеме да го продолжиме ова патување заедно, бидејќи верувам дека овие момци ќе ја направат нашата земја горда на нашето прво Светско првенство по 1958 година“, рече Гигс.
Велс на Мундијалот ќе игра во групата Б заедно со Англија, САД и Иран.