Најтрофејниот македонски клуб Вардар го реши натпреварот уште во првото полувреме со три гола во мрежата на Кадино.

Црвено-црните до победата стигнаа со головите на Никола Наумоски во деветата, Петар Љамчевски во 33-та и Дарко Глишиќ во 45-та минута од мечот, па вардарци ги сочуваа силите за мечот во среда, кој поради снегот во Битола беше одложен пред десет дена.

Воска Спорт беше подобра со 2-0 од Беса со погодоците на Грозданоски и Фета, додека дуелите меѓу Кораби – Охрид и Гостивар – Тетекс беа одложени поради ужасните временски услови.

Standings provided by SofaScore LiveScore