Душан Влаховиќ постигна нови два гола за Фиорентина во победата од 4:0. Новата „жртва“ на српскиот ас е Салернитна.
Виолетовите го удвоија водството во 51. минута кога Влаховиќ со мајсторски удар од работ на шеснаесетникот го совлада Вид Белец. А во 84. зголеми на 3:0.
Со оваа победа Фиорентина целосно се вклучи во борбата за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите.
https://twitter.com/BI_1897/status/1469688392636117004?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1469688392636117004%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F3827577%2Fdusan-vlahovic-dao-novi-gol
Инаку, одличниот српски напаѓач има историска можност да го собори рекордот на славниот Португалец Кристијано Роналдо. Влаховиќ оваа календарска година постигна 32 гола и само еден гол го дели од достигнувањето на фантастичниот Португалец.
Со два можни гола би го прескокнал и би избил на третото место на вечната листа (до крајот на годината му остануваат уште два натпревари). Пред него се само Ферис Борело, кој постигна 41 гол во 1933 година и Гинар Нордал, кој постигна 36 погодоци 17 години подоцна.