Германскиот вицешампион, Борусија Дортмунд продолжи да биде супер активен на трансфер пазарот каде го пронајде и потврди наследникот на Ерлинг Халанд кој како што е познато се пресели во Манчестер Сити.
-Стадионот е одличен, но најголемиот стадион е ништо без неговите навивачи. Како дел од семејството на БВБ, едвај чекам да ја почувствувам поддршката од повеќе од 80.000 гледачи во иднина. Се надеваме дека ќе постигнеме големи работи заедно во следните неколку години и ќе можеме заедно да славиме, -порача Халер кој потпиша договор до 2026 година.
Ајакс за трансферот ќе заработи фиксни 31 милиони евра, сума која може да скокне за дополнителни 3,5 милиони ерва ако се исполнат одредени бонуси.