Етеми асистираше во 70-та минута за да го врати Истанбул во мечот, но на крајот не успеаа да се изборат за бод. Домаќинот ја завери победата во третата минута од судиското надополнување со гол на Реднонд. Претходно Тосун и Абубакар двапати погодија во мрежата на Истанбул.
Македонскиот репрезентативец сезонава има 10 гола и четири асистенции во 23 меча во својата деби сезона во турската Суперлига. Лани во второлигашката конкуренција имаше седум гола и десет асистенции.
Истанбул со 24 бода останува во тесна трка за опстанок, пласиран четврти одзади во моментов.
Асистенцијата може да ја видите на 3:50 минути од хајлајтсот од пресметката со Бешикташ.