Антоан Гризман во 23. минута ја погоди мрежата на Валенсија за предност од 1-0, по што гостите изедначија на 1-1 во 30. минута, но голот беше поништен поради офсајд.
На стартот на вториот дел Јаник Караско ја зголеми предноста на Атлетико (2-0), по што Томас Лемар ги постави конечните 3-0 во 67. минута.
Атлетико има 51 бод на третата позиција, односно 14 помалку од лидерот Барселона.