Иван Тричковски со кипарскиот АЕК Ларнака се слиминирани од Конференциската лига на УЕФА. Кипарскиот тим загуби убедливо на гости кај Вест Хем со 4-0, а Тричкоски остана на клупата.

Џанлука Скамака донесе водство во 21.минута, а на почетокот на вториот дел Џерод Боувен даде два гола за две минути и го реши натпреварот. Последниот гол го постигна Мубама.

Лацио доживеа и втор пораз, и е елиминиран од АЗ Алкмар, откако повторно загуби со 2-1. Фелипе Андерсон во 21. минута донесе водство за Лацио, но изедначи Карлсон седум минути подоцна. Павлидис донесе триумф за АЗ Алкмар во вториот дел.

Андерлехт го елиминира Вилјареал откако славеше на „Естадио де ла Серамика“ со 0-1. Првиот меч во Белгија заврши 1-1.

Ислам Слимани во 73. минута го постигна победничкиот гол за Андерлехт.

Ница со 3-1 го победи Шериф и со втора победа се пласира меѓу осумте најдобри.