Манчестер Јунајтед и во реваншот го победи Реал Бетис, со 0-1 на гостински терен и се пласира во четвртфиналето на Лига Европа. Маркус Рашфорд беше стрелец за англискиот тим откако погоди во 56.минута. Јунајтед имаше предност од 4-1 и од првиот меч на „Олд Трафорд“.

Торински Јувентус исто така со втора победа (0-2) над Фрајбург во гости се пласираше во следната рунда. Душан Влаховиќ погоди од пенал во 45.минута, а Федерико Киеза го потврди триумфот.

Севилја загуби од Фенербахче во Истанбул со 1-0, но имаше два гола предност од првиот дуел (0-2), па исто така патува во четвртфиналето. Стрелец на голот за Фенербахче беше Енер Валенсија од пенал во 41.минута од натпреварот.

Феенорд го торпедира Шахтјор Доњецк со 7-1 на домашен терен и заслужено оди понатаму, откако првиот меч во Варшава заврши 1-1. Кокчу беше двоен стрелец, како и Идриси, а во листата се запишаа и Хименез, Јаханбакш и Данило. За Шахтјор погоди Келси во 87.минута.