Удинезе води со 2-1 по првото полувреме на возбудливиот натпревар против Милан, а гостинскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, со голот кој го даде од пенал, влезе во историјата на италијанската Серија А лига.
Швеѓанецот вечерва ја носи и капитенската лента, има 41 година и 166 дена, со што стана најстариот играч што дал гол на натпревар од Серија А.
Претходниот рекорд го држеше Алесандро Костакурта од Милан со 41 година и 25 дена. Интересно е што и Костакурта голот за рекорд го даде од пенал против Удинезе, исто како и Ибра.
https://twitter.com/samirsynthesis/status/1637191544858918912?s=20