Фудбалерите на Еспањол со триумф на гости кај Рајо Валјекано со 2-1 во 35. коло од шпанската Ла Лига останаа во игра за опстанок во елитата.
Дардер го матираше македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски во 23. минута, а Де Томас ја врати неизвесноста во финишот од првото полувреме, кога изедначи за 1-1.
Меламед во 59. минута го совлада Димитриевски за да го врати гостинот од Каталонија во водство (2-1), а до крајот на средбата резултатот не се менуваше и Еспањол освои големи три бода.
Еспањол има 34 бода на претпоследната позиција во Ла Лига, односно еден помалку од безбедната зона на табелата.