Кога Жуниор Месијас во 2011 година (на негови 20 години) емигрираше од Бразил во Италија, за него фудбалот не беше ништо повеќе од забава. Во Италија дошол на покана на неговиот брат а пристигнал заедно со сопругата и неговите две деца. Во работните денови работел како амал (физикалец) и пренесувал фрижидери и други апарати за домување, а за викенди играл за “Sport Warique”, локален аматерски тим од Торино кој ја претставува перуанската заедница.
Во 2016 година бил забележан од Енцо Роси поранешен дефанзивец на Торино кој го убедил да игра во аматерска лига во Италија. Бидејќи му давале многу ниска плата Месијас бил принуден да продолжи да ја работи својата тешка работа.
Работите се промениле истото лето кога Ецио Роси го назначиле како тренер на Казале. Постигнал 21 гол и тимот веднаш се вратил во Серија Д.
Во 2018 година потпишува професионален договор со тимот на Гоцано и игра во Сериа Д каде постигнува 4 гола. Наредната сезона потпишува за Кротоне каде минува две сезони со вкупна реализација од 15 голови.
Во септември годинава потпишува за Милан и до сега нема постигнато гол. Се до денес кога стана херој на “росоњерите”.