Конечно заврши очајната серија во која влезе ППД Загреб и по година и пол пост забележа победа во Лигата на шампионите. Во Арената во Загреб славеше против Мешков Брест со 31:24 .

Апсолутно заслужено ППД Загреб стигна до победата против Мешков Брест. Оваа победа го враќа ППД Загреб во игра за пласман во следната фаза од натпреварувањето, додека Мешков останува на дното на табелата со само два бода и се уште без ниту една победа.

Загреб од почетокот на мечот се постави како подобар тим и брзо се одвои на три гола предност, а во 11. минута дојде до  плус четири кога Давор Чавар погоди за 8:4.

Загреб сепак не успеа да ја одржи таа предност и гостите дури поведоа во 24. минута со голот на Сташ Скубе.

На одмор се замина со израмнети 14:14, а вториот дел целосно им припадна на ракометарите на ППД Загреб.

Мешков иако поведе со голот на Кашпарек за 17:15, сепак набрзо Бонефонд заработи црвен картон, а Загреб со серија од 4:0 ја врати предноста на своја страна.

Гостите имаа се повеќе проблеми, Загреб беше цврст во одбраната и добро ги реализираше ситуациите во нападот, а на крајот славеше убедливо со 31:24.

Загреб во последните три минути направи серија од 4-0 со која го заокружи дуелот и прекина серијата од дури 24 натпревари без победа во Лигата на шампионите.

Иван Чупиќ постигна осум гола за Загреб, а Звонимир Срна седум. Јака Малус постигна шест гола кај гостите, а Микита Ваилупов пет.