Македонскиот фудбалски интернационалец, Даниел Аврамовски продолжи со солидни игри во дресот на Болуспор во втората турска лига.
Аврамовски го постигна првиот гол во финишот на првиот дел во 43. минута, зголемувајќи на 2-0, а потоа беше стрелец и на уште еден погодок во 73. минута, поставувајќи го конечниот резултат, 3-1 со што ја осигура победата.
Даниел има учинок од 9 гола и 4 асистенции на 18 средби во шампионатот на Турција.
Болуспор со 28 бода се наоѓа на 6 позиција на табелата.