„Милионерите“ со седмата сезонска победа се искачија на третото место со 22 бода, еден зад Унион Берлин кој има меч помалку, а три од првакот Баерн Минхен, кој е моментален лидер.
Јулијан Брандт во 21-та минута погоди за прво водство на Дортмунд, но Даичи Камада пет минути потоа брзо израмни, а Белингем седум минути по стартот на вториот дел донесе второ водство кое бившиот германски првак до крајот не го испушти.
За Ајнтрахт ова беше четврти пораз сезонава и остана на 20 бода на петтото место на табелата во Бундеслигата.