Интер со неверојатен пресврт ја совлада Рома (4-2) и направи чекор напред кон Скудетото. Ачерби по само 17 минути игра го пронајде патот до мрежата на Рома, но „волчицата“ преку Манчини и Ел Шарави направи пресврт до полувреме (2-1).
Турам на стартот на вториот дел израмни на 1-1, а потоа Анхелино со автогол им донесе водство на „нераѕурите“ од 3-2, додека победата ја потврди дефанзивецот Алесандро Бастони во 93. минута од натпреварот.
<