Њукасл го совлада Нотингем Форест со 3-2 во 24. коло од англиската Премиерлига и остана во трката за позициите кои водат во европските купови следната сезона.

Четири погодоци беа постигнати во првото полувреме во Нотингем, откако за гостите од Њукасл погодија Бруно Гимараеш и Шар, додека за домаќините во листата на стрелци се запишаа Еланга и Хадсон-Одои.

Голот за победа на Њукасл го постигна Гимараеш во 66. минута, а Нотингем потоа тргна во целосна офанзива, но не успеа да се спаси од трет пораз во последните четири меча во Премиерлигата.

Њукасл се наоѓа на седмата позиција во лигата со 36 бодови, додека Нотингем остана на 16. место со 21 бод.