Денеска се играат половина од натпреварите во 2. коло од Лигата на шампионите. Дербито е во Лондон каде Арсенал ќе го пречека ПСЖ, интересно ќе биде и во Леверкузен каде Баер е домаќин на Милан.
Арсенал оди по првата победа во ЛШ оваа сезона откако во првото коло одигра без голови кај Аталанта во Бергамо, но топчиите нема да имаат лесна задача, на гости им доаѓа ПСЖ.
Луис Енрике изгради тим без ѕвезди кој игра одлично и дава надеж дека францускиот клуб конечно ќе може да ја освои ЛШ во блиска иднина. Тие во првото коло ја победија Жирона со гол во последните моменти од мечот, Арсенал ќе биде вистински тест за нивните сили.
Дерби има и во Германија, Баер Леверкузен предводен од фантастичниот Чаби Алонсо е домаќин на Милан.
Барселона по поразот од Монако, на Монжуик ќе игра против швајцарскиот Јанг Бојс.
Леверкузен беше импресивен во првото коло од ЛШ, го победи Феенорд на негов терен со 4-0, а Милан загуби дома од Ливерпул со 3-1.
Интересно ќе биде да се види како ќе помине и Црвена звезда на гостувањето кај Интер. Во првото коло српскиот тим загуби дома од Бенфика со 2-1, а момците на Инзаги одиграа без голови кај Манчестер Сити.
Денешни натпревари од ЛШ:
Од 18:45
Салцбург – Брест
Штутгарт – Спарта Прага
Од 21:00
Арсенал – ПСЖ
Барселона – Јанг Бојс
Баер Леверкузен – Милан
Борусија Дортмунд – Селтик
Интер – Црвена звезда
ПСВ – Спортинг
Слован Братислава – Манчестер Сити.