Пари Сен Жермен планира да се раздели со бразилскиот ас Нејмар во летниот преоден рок, објави „Ле Паризиен“. Звездата на ПСЖ ќе се најде на трансфер-листата по директни инструкции на сопствениците од Катар.
Бразилецот дојде за фантастични 222 милиони евра од Барселона, но се чини дека никогаш доволно не го оправда тоа што клубот го вложи во него. Подолг период беше незадоволен и сакаше да се врати во Барселона, а потоа мораше да остане затоа што каталонскиот клуб немаше доволно финансии за една таква зделка.
Неговото заминување сега би можело да се поврзе и со потпишувањето на нов мултимилионски договор со Килијан Мбапе. Французинот сака да расчисти со јужноамериканскиот клан во клубот, а единствено е импресиониран од Лионел Меси.